Папата Францис денес треба да се состане со муслиманските бегалци Рохинџа, кои пребегнаа во Бангладеш од Мјанмар.
Тој претходно помина четири дена во Мјанмар, пред вчера да пристигне во Бангладеш.
Папата беше критикуван од активистите за човекови права, затоа што во Мјанмар не ги споменал муслиманските бегалци Рохинџа.
Се работи за малцинска етничка група, на која со децении и` се одземени основните права во мнозинскиот будистички Мјанмар, и покрај тоа што многу од семејствата живееле во Мјанмар со генерации наназад.
Facebook Forum