Чешка е прва станица денес на државниот секретар на САД Мајк Помпео, кој го почна еднонеделното патување во Централна Европа.
Помпео ќе ги посети и Љубљана во Словенија, Виена во Австрија, и Варшава во Полска, од 11-ти до 15-ти август.
Амбасадорот Филип Рикер, заменик-помошник државен секретар на Стејт департмент за Европа и Евроазија, рече дека Помпео ќе разговара со неговите колеги за договорот меѓу САД и Полска за зголемена одбранбена соработка, кој обезбедува работна рамка за натамошно зацврстување на трансатлантската сигурност.
Според официјални лица, овој договор им овозможува на САД да имаат „ротирачко присуство“ од дополнителни 1.000 американски војници, со цел да се зацврстат НАТО и одвраќањето на Русија. Во моментов, се ротираат 4.500 трупи на САД во Полска.
Енергетската безбедност, исто така, се очекува да биде дел од разговорот на Помпео со лидерите во Централна Европа.
„Многу сме посветени да им помогнеме на овие држави да најдат алтернативни извори на енергија, различни од Русија“, рече Рикер.
Русија претходно го бранеше нејзиниот проект како економски исплатлив.
Патувањето на државниот секретар се случува во време кога администрацијата на Трамп бара начин за конфронтирање на руската и кинеска економска и геополитичка конкуренција во Европа.
Facebook Forum