Државниот секретар на САД Мајк Помпео и министерот за надворешни работи на Словенија Анже Логар потпишаа заедничка декларација за 5Г технологија.
Портпаролката на Стејт департментот Морган Ортагус изјави дека меморандумот го адресира клучното значење на безбедноста на 5Г мрежата во НАТО и во ЕУ.
На Твитер таа напиша дека Словенија се приклучила кон државите кои се посветени на заштита на безбедноста, приватноста и интелектуалната сопственост.
Помпео има средби и со словенскиот премиер Јанез Јанша и претседателот Борут Пахор.
Стејт департментот соопшти дека едни од клучните теми на разговорите би биле нуклеарната енергија, интеграцијата на Западен Балкан и енергетските прашања.
Изминатава година, европските држави, меѓу кои Полска, Естонија и Чешка, потпишаа договори со САД со кои се заложија дека 5Г компаниите нема да бидат предмет на контрола од странски влади, без независна ревизија, која ги вклучува и кинеските фирми.
Ова е прва посета на Словенија од државен секретар на САД од 2011 година.
Помпео неделава патува и во Виена, Австрија и во Варшава, Полска.
Facebook Forum