Линкови за пристапност

Како да се создаде поголема меѓурасна доверба во САД?


Една заедница во Калифорнија лансираше модел на приближување на полицијата со младите жители и вели дека дава резултати.

Изминативе години, градот Лонг Бич, во Калифорнија страдаше од гангстерско насилство, сиромаштија и расни тензии што предизвикаа тензии меѓу полицијата и жителите.

Дваесет и две годишниот жител Џејкоб Саренана го искусил тоа од прва рака.

„Јас често бев мета. Кога ќе ме запреше полицијата прашував што сум сторил. Одговорот беше дека одговарам на описот. Секогаш одговарав на некој опис“, вели тој.

Да ги подобри односите во заедницата, активистот Дарик Симпсон координирал состаноци меѓу младите луѓе и полицајците.

„Разликите доаѓаат со недоразбирања. Луѓето ја носат својата култура, историја на работното место, во училиштата, во сосема поинакво социјално сценарио“, вели Симпсон.

Иако расните разлики можат да предизвикаат конфликт, Симпсон вели дека има подобрување. Минатата година, на пример, градот забележал најниска стапка на криминал за изминативе 40 години. Годинава, бројките се уште пониски.

Дон Родригез работи со млади луѓе во градот, и вели полицајците се инволвирани во заедницата повеќе од кога и да е порано.

„Сега гледаме многу луѓе поврзани со полицијата, работат за неа, со цел полицијата подобро да ја запознае заедницата“, вели Родригез.

Началникот на полицијата во Лонг Бич, Џим Мекдонел, вели изминативе години полицијата и укажувала на заедницата кои се проблемите и се обидувала да ги реши.

Но таа филозофија е променета. Сега заедницата сама го спроведува редот, преку партнерство на полицијата и граѓанските лидери, со цел решат проблемите на заедницата.

„Градиме тим. Кога постои тим и настане кризна ситуација вие не сте оставени сами да се справувате со ситуацијата. И многу често кога се јавуваат проблеми низ Америка, без разлика дали се предизвикани на расна или на друга основа, тоа е затоа што таму немало претходно изградено вакви релации”, додава Родригез.

Но, тој додава дека дури и успешните партнерства не се гаранција дека конфликти нема да се случат.

„Има потенцијал за конфликт. Не се работи за тоа дали ќе се случи, туку кога ќе се случи, и поважно од тоа - како ќе се справиме со него кога ќе се случи“, рече Мекдонел.

Тој вели исправниот начин е полицајците да продолжат да се доближуваат до младите и да формираат врски со нив, за насока да се смени негативната перцепција за полицијата.

XS
SM
MD
LG