Линкови за пристапност

Врховен суд разгледува случај на политика во работата на полицијата


Полицаец од Њу Џерси тврди дека е деградиран како последица на политичка одмазда

Џефри Хефернан, 20-годишен ветеран на полицијата, бил забележан како од двор подигнува натпис со име на опозициониот кандидат за време на кампањата за градоначалник во Патерсон, Њу Џерси, во 2006 година.

Натписот го зел со намера да ѝ го даде на мајка му која е неподвижна. Полицаецот вели дека не бил инволвиран во изборната кампања, иако со кандидатот биле пријатели.

Хефернан, откако не работи во полицијата во Патерсон вели дека немал ни право да гласа во градот, бидејќи живеел на други локации.

Откако во полицијата се дознало дека Хефернан носи знак со поддршка на противкандидатот на актуелниот градоначалник, началникот на полицијата и неговиот извршен директор го деградирале неодамна промовираниот детектив и го прераспоредиле да биде уличен полицаец поради „неговата инволвираност во политички избори“.

Тужбата на Хефернан против Патерсон дојде и до Врховен суд. Највисокиот суд во државата претходно никогаш не донел одлука за тоа дали правото на слободен говор, загарантиран со Првиот амандман од Уставот на САД ѝ забранува на владата од преземање акција против вработен базирано на погрешна перцепција дека тој бил политички инволвиран.

Деветте судии кои ќе донесат одлука за случајот подоцна годинава, се поделени во своите ставови за тоа дали Хефернан воопшто ги користел своите права од Првиот амандман за време на инцидентот во 2006 година.

Адвокатите од градот тврдат дека не ги користел, исто и судијата Семуел Алито, кој е познат по својата конзервативност во однос на многу правни прашања, се согласува. Алито смета дека овој случај е „вештачки“.

Адвокатите на Хефернан велат дека деградирањето на поранешниот полицаец ќе има „застрашувачки ефект“ врз вработените во јавниот сектор, освен ако одлуката на официјалните лица од полицијата во Петерсон е одбиена.

Ваквата позицијата ја излози и судијката Елена Киган која ги запраша адвокатите на градот ако владата на пример може да ги разреши „недемократите еден по еден“ врз база на перцепцијата на пристрасност или несоодветна активност, без разлика дали вработеното лице е виновно или не, за било какво кривично дело.

XS
SM
MD
LG