Белата куќа привремено стана розева куќа за да го привлече вниманието на борбата против рак на дојка.
Огромни розеви рефлектори синоќа ја осветлија куќата во знак на одбележување на октомври – месецот на кревање на свеста за рак на дојка.
Ова беше само еден од многуте настани во целата земја чија цел е да се сврти вниманието на болеста за која стручњаците велат дека убива околу 40.000 Американци, главно жени, секоја година.
Според Светската здравствена организација годишно во светот од рак на дојка умираат 519.000 лица.
Белата куќа се приклучи на одбележувањето на месецот на борбата против рак на дојка