Линкови за пристапност

Пентагон вели дека не сака војна со Иран по нападот во Јордан


Претседателот и јас нема да толерираме напади врз американските сили и ќе ги преземеме сите неопходни активности за да ги одбраниме САД и нашите војници, изјави Остин на почетокот на состанокот со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Пентагон
Претседателот и јас нема да толерираме напади врз американските сили и ќе ги преземеме сите неопходни активности за да ги одбраниме САД и нашите војници, изјави Остин на почетокот на состанокот со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Пентагон

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денес вети дека САД ќе ги преземат „сите неопходни активности“ за да ги одбранат своите војници по смртоносниот напад со беспилотно летало во Јордан од милитантите поддржани од Иран, иако администрацијата на претседателот Џо Бајден нагласи дека не сака војна со Иран.

Во нападот во неделата загинаа тројца американски војници, а беа ранети повеќе од 40 војници.

Тоа беше првиот смртоносен напад врз американските трупи од избувнувањето на војната меѓу Израел и Хамас во октомври и означува голема ескалација на тензиите што го зафатија Блискиот Исток.

„Дозволете ми да започнам со мојот бес и тага за смртта на тројца храбри американски војници во Јордан и за другите војници кои беа ранети“, рече Остин во Пентагон.

„Претседателот и јас нема да толерираме напади врз американските сили и ќе ги преземеме сите неопходни активности за да ги одбраниме САД и нашите војници“, додаде Остин на почетокот на состанокот со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Пентагон.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен, пак рече:

„Како што рече претседателот вчера, ние ќе одговориме и тој одговор би можел да биде на повеќе нивоа, да дојде во фази и да се одржува со текот на времето“.

Но, официјални лица од администрацијата на Бајден рекоа дека не сакаат ситуацијата да ескалира. Пентагон сугерираше дека Иран не сака војна.

„Ние секако не бараме војна и искрено, не гледаме дека Иран сака војна со САД“, изјави Пентагон.

Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби рече дека САД не бараат конфликт со режимот на воен начин, додавајќи дека Бајден работи на опциите за одговор.

САД се обидуваат точно да утврдат зошто речиси 350-те војници во базата во Јордан, не биле во можност да го запрат дронот.

Американските трупи биле нападнати над 160 пати во Ирак, Сирија и Јордан од 7 октомври, а воени бродови биле нападнати и во Црвеното Море.

XS
SM
MD
LG