Линкови за пристапност

Влегуваме во период на предизборие, можно е ширење на лажни вести и пропаганда, рече Пендаровски


Ратификацијата на договорот за членство во НАТО пред изборите, според власта, нема алтернатива
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:21 0:00

Овие се потенцијални ризици кои биле посочени на денешниот брифинг за борбената подготвеност на Армијата

Државниот врв и надлежните институции не ја исклучуваат можноста земјата во наредниот период да биде цел на засилена кампања на лажни вести и дезинформации.

Идната година Северна Македонија има предвремени избори, но и го финишира зачленувањето во НАТО - елементи кои на денешниот брифинг за борбената подготвеноста на Армијата биле посочени како потенцијални ризици за негативни влијанија врз ситуацијата во државата.

„Полека влегуваме во период на техничка влада и на предизборие, и треба да бидеме претпазливи се додека не станеме членки на НАТО. Сите капацитети за рано предупредување се подигнати – не зборувам за територијални претензии, туку за политички пропаганди и лажни вести кои беа присутни за време на референдумот. Очекувам и наредниот период може да имаме зголемен интензитет на таква кампања и такви дезинформации на македонската јавност, но институциите се спремни тоа да го спречат“, изјави претседателот Стево Пендаровски.

Ратификацијата на договорот за членство во НАТО пред априлските избори, според власта, нема алтернатива. Очекувањата се прашањето да се затвори во наредните месеци без какви било одложувања или партиски калкулации.

„Ние сме подготвени да направиме се` за да не дозволиме никаков ризик во поглед на нашето членство во НАТО. Како Влада ги дискутираме различните опции, не смееме како држава да си ставаме сопки. Ние не смееме да направиме грешка и затоа прашањето на ратификација на Протоколот за членство во НАТО од страна на нашиот Парламент е прашање кое не смее да биде дел ниту од партиските преговори, ниту препукувања, ниту партиски пазари“, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Друг проблем поврзан со НАТО процесот е одбивањето на ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи законот за одбрана, поради противењето на опозицијата Армијата да се именува како Армија на Северна Македонија.

Шекеринска, пак, повика на конструктивност за навремено затворање на ова прашање, за кое е неопходна двотретинска поддршка во Парламентот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG