Линкови за пристапност

Пенс го поздрави Договорот за името со Грција


Пенс понуди американска помош за имплементација на Договорот за името
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:55 0:00

Во телефонски разговор со премиерот Заев, потпретседателот на САД ја истакнал поддршката за негово имплементирање

Врвот на американската администрација го поздрави договорот меѓу Македонија и Грција за долготрајното прашање за името.

Оваа порака, во синоќешниот телефонски разговор, Мајк Пенс му ја пренел на Зоран Заев.

Во соопштението од Кабинетот на американскиот потпретседател се вели дека „Пенс ја поздравил и позитивната одлука на Европскиот совет за отворање пат за старт на преговори за членство во јуни догодина, и ја реафирмирал поддршката на Вашингтон за зачленување на Македонија во НАТО и во Еверопската унија“.

Потпретседателот на САД ја пофалил и, како што се наведува, храброста на македонскиот премиер, неговото лидерство и посветеност за мирот и стабилност на регионот

Пенс понудил американска асистенција за поддршка на Договорот за името и за неговото натамошно имплментирање.

И од македонската Влада информираа за разговорот меѓу македонскиот премиер и американскиот потпретседател.

Според Кабинетот на Заев, Пенс во разговорот кажал дека со договорот со Атина, Република Македонија се доближува кон развиениот западен свет, што ќе биде верификувано на Самитот на НАТО наредната недела.

„Поканата за влез во НАТО, како што рече Пенс, е јасен сигнал дека позитивниот резултат од референдумот ќе значи конечно полноправно членство на Македонија во Северноатлантската алијанса“, информираат од македонската Влада.

Заев му се заблагодарил на Пенс за поддршката на САД од прогласувањето на независноста, како и во текот на сите важни процеси за државата.

Наспроти јасниот став на Вашингтон, Брисел, Берлин и Лондон за значењето на Договорот од Преспа, како и за неговото повторно изгласување во Парламентот, шефот на државата повторува дека нема да го поддржи.

„Членството на Република Македонија во ЕУ и НАТО, не смее да се злоупотреби за прифаќање на штетен Договор со несогледливи последици врз македонската држава и македонскиот народ. Ставот на претседателот е непроменет и нема да го поколебаат никакви притисоци, уцени и закани“, соопшти Кабинетот на Ѓорге Иванов.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG