Линкови за пристапност

Заев: Македонија - 30-та членка на НАТО


Заев: Македонија - 30-та членка на НАТО
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:43 0:00

Пораките на американскиот потпретседател Мајк Пенс, пратени од Самитот на Јадранската група во Подгорица доминираат во македонските медиуми. Во вонредни информативни изданија дел од главните телевизиски станици во живо го пренесуваа неговиот настап.

„Иднината на Балканот е на запад“, „Русија работи на дестабилизација на регионот“, „Ќе ја зајакнеме врската со Балканот“, се само дел од насловите по говорот на вториот човек во американската администрација. 20-минутното обраќање на Мајк Пенс, несомнено имаше две главни поенти. Првата, дека Западниот Балкан не треба да има какви било дилеми за својата иднина во ерата на Доналд Трамп.

„Мои пријатели, пристапувањето на Црна Гора во НАТО покажува дека вратите на Алијансата се отворени, дека тоа секогаш ќе биде така за европските земји што ги споделуваат нашите цели и стратегии, кои се обидуваат да придонесат до поголема стабилнсот и безбедност за своите граѓани. На сите лидери присутни овде сакам да им порачам дека под претседателот Трамп САД ќе продолжат да ве поддржуваат. Бидете уверени дека под лидерството на претседателот Трамп ќе продолжиме да го поддржуваме Западниот Балкан на патот кон реформската агенда, добро влада, владеењето на правото, Америка ќе биде со вас за да имате отворена економија, независни медиуми“, истакна Пенс.

Втората поента на американскиот потпретседател пак имаше регионална димензија, но со остра порака кон Русија.

„Овде во Европа мораме да бидеме одлучни соочувајќи се со агресија од непредвидлива земја која фрла сенка од исток, а вие добро ја знаете. Русија продолжува да бара начини за насилно менување на границите. И овде во Западниот Балкан Русија работи на дестабилизација на регионот за да го одвои од остатокот на Европа. Претседателот Трамп јасно кажа што мисли за тоа и повика Русија да прекине со таквите дестабилизираќки активности. Ве уверувам дека САД ги отфрла сите обиди за насилство или заплашување кон овој регион. Западниот Балкан има право сам да решава за својата иднина“.

Премиерот Заев кој е претседавач со Самитот и кодомаќин на собирот, во обраќањето кажа дека очекува Македонија да стане 30-тата членка на НАТО.

„Да работиме напорно и со нашите потенцијали да покажеме дека силата е во волјата и во ангажираноста, а не во тоа колку сме големи или мали како држави, зашто секој има улога и значење под сонцето на демократскиот хоризонт“, порача Заев.

Американскиот потпретседател ги повика лидерите од регионот дека ова е момент за напредок и дека треба да се искористи зашто, како што уверуваше, постои поддршката од Вашингтон. Своето присуство во Подгорица Пенс го претстави како личен сигнал на претседателот Трамп за заложбата на САД за мирен, стабилен, демократски Западен Балкан со иднина во евроатлантските институции.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG