Линкови за пристапност

Нов обид за постигнување мировен договор во Сирија


Крајот на граѓанската војна од страна на светските сили се смета за најважен чекор во борбата против Исламската држава и стабилноста во регионот

Шефот на канцеларијата на Обединетите нации во Женева во вторникот изјави дека ова тело има намера да биде домаќин на сириските мировни разговори за иднината на оваа земја следниот месец.

Мишел Молер за новинарите изјави дека конкретен датум се' уште нема, но најверојатно ќе биде на крај на јануари.

Во Женева се одржаа две рунди неуспешни разговори на ОН на почетокот на годинава, помеѓу владата на претседателот Башар ал-Асад и бунтовниците кои се борат против него од март 2011-та година.

Овие преговори завршија со мал напредок и моментот за постигнување мировен договор завршија неуспешно бидејќи конфликтот стана покомплексен со заземањето на поголемиот дел од источна Сирија од страна на милитантите на Исламската држава. Но, последните месеци, напорите за постигнување мир се обновени, вклучувајќи неколку меѓународни состаноци на кои заедно разговараа лидери на светските сили кои се обврзаа да ги стават завојуваните страни да разговараат повторно.

Дипломатите како американскиот државен секретар Џон Кери го промовираат крајот на граѓанската војна како најважен чекор во борбата против Исламската држава и стабилност во регионот.

XS
SM
MD
LG