Линкови за пристапност

Папата Фрањо за правото на абортус повика на посветена заштита на животот


Папата Фрањо се појавува на прозорецот со поглед на плоштадот Свети Петар во Ватикан за да ги благослови аџиите и верниците по мисата во базиликата Свети Петар на Нова Година, 1 јануари 2025 година.
Папата Фрањо се појавува на прозорецот со поглед на плоштадот Свети Петар во Ватикан за да ги благослови аџиите и верниците по мисата во базиликата Свети Петар на Нова Година, 1 јануари 2025 година.

Новогодишна порака на папата Фрањо

Рим – Папата Фрањо ја започна Новата година со обновен апел до верниците да го отфрлат абортусот, повикувајќи на „цврста посветеност“ да се заштити и почитува животот од зачнувањето до природна смрт.

88-годишниот папа Фрањо на новогодишна миса во базиликата Свети Петар, посветена на Марија, мајката на Исус, се молеше сите да научат да се грижат за „секое родено дете од жена“ и да го штитат „скапоцениот дар на животот: животот во утробата, животот на децата, животот на страдалниците, сиромашните, постарите, осамените и оние што умираа“.

„Барам цврста посветеност – да се почитува достоинството на човечкиот живот од зачнувањето до природната смрт, така што секој човек може да го негува својот живот и сите да гледаат со надеж во иднината“, рече тој, користејќи ја терминологијата на противењето на црквата на абортусот и евтаназијата.

Во последниве години, тој понагласено зборуваше за абортусот отколку претходно. По двајца папи доктринери, Фрањо се пожали во првите месеци од неговото папство во 2013 година дека црквата станала опседната со „малкуумни правила“ за жешките прашања како што е абортусот.

Папата Фрањо сега редовно кон абортусот се однесува како „најмување платен убиец за да реши проблем“.

XS
SM
MD
LG