Линкови за пристапност

Пакистански претставници велат дека протестите против беспилотни летала се минорни


A man stands atop of a truck, carrying supplies for NATO Forces, as he covers a vehicle with plastic sheet before he departed for Afghanistan through the Pakistan-Afghan border town of Torkham October 10, 2010. Pakistani authorities on Sunday reopened a b
A man stands atop of a truck, carrying supplies for NATO Forces, as he covers a vehicle with plastic sheet before he departed for Afghanistan through the Pakistan-Afghan border town of Torkham October 10, 2010. Pakistani authorities on Sunday reopened a b

Овие протести доведоа до суспендирање на американски армиски карго пратки во и од Авганистан преку пакистанскиот северозапад.

Активисти на опозициона партија предводена од поранешна ѕвезда во крикет Имран Кан организира демонстрации секој ден во провинцијата Кибер Пакхтунква и вети тоа да го прави додека САД не ветат дека ќе престанат со користење беспилотни летала за напади на пакистанска почва.

Протестантите се собираат наутро на различни локации по должина на главниот пат што води кон Авганистан и дозволуваат само камиони што не припаѓаат на НАТО да одат понатаму. Среде протестите, САД неделава решија да ги суспендираат копнените пратки на својот карго низ северозападниот пакистански регион, наведувајќи безбедносни фрижи како причина.

Портпаролот на партијата на Кан во среда објави „тактички успех“ на протестите и уште еднаш побара федералната влада да се приклучи на протестот САД да се натераат да прекинат со нападите со дронови.

Прашањето на употребата на беспилотни летала стана голем извор на тензија меѓу САД и Пакистан. САД велат дека нападите целат на милитанти чија намера е да ги попречат операциите на НАТО и САД во Авганистан.

Провинцијата е еден од двата начина да се пренесат не-смртоносни материјали на силите во Авганистан. Вториот е преку југозападната провинција Балучистан.

Двете рути зачестено се употребуваат за пренос на армиска опрема надвор од Авганистанзашто најголем дел од меѓународните сили планираат да ја напуштат земјата до крајот на следната година.

Пакистанскиот советник за национална безбедност Сартај Азис во среда ги отфрли шпекулациите дека протестите може да го попречат планираното заминување на меѓународните сили. Тој кажа дека нема никаква загриженост за тоа, зашто само едната рута е затворена, додека онаа преку Балучистан функционира беспрекорно.

Официјални лица велат дека Азис повторно го поттикнува Вашингтон да ја ревидира политиката за употреба на беспилотни летала нагласувајќи го „негативното влијание на владините напори да донесе мир и стбилност во Пакистан и во регионот“.

Централната влада предводена од премиерот Наваз Шариф исто така е критична спрема нападите со беспилотни летала, но е против напорите да се блокира снабдувањето на НАТО силите, предупредувајќи ги протестантите дека акцијата може да го изолира Пакистан во меѓународни рамки.

Во меѓувреме, зборувајќи за Гласот на Америка, Азис вели дека се надева на позитивно решение за улогата на Пакистан во промовирањето на мир во Авганистан.

Тој исто така потврди дека Исламабад овозможил средба минатиот месец меѓу членови на авганистанскиот Висок мировен совет и поранешниот заменик лидер на Талибан, Мула Абдул Гани Барадар. Но Азис одби натамошно да дискутира за деталите.

Советот е задолжен да го убеди Талибан да прекине со насилство и да седне на маса за мировни преговори.
XS
SM
MD
LG