ВАШИНГТОН —
Пакистанскиот премиер Имран Кан денес предупреди дека неодамнешната одлука на Индија, за укинување на специјалниот статус на Кашмир, го загрозила регионалниот мир.
Кан ова го изјави по повод прославата на Денот на независноста, повеќе од една недела откако Индија го направи едностраниот потег.
„Денот на независноста е повод за среќа, но, ние сме тажни за нашите браќа во Кашмир. Ги уверувам дека сме со нив“, рече Кан.
Тој денес отпатува во пакистанскиот дел на Кашмир да изрази солидарност со жителите кои живеат во делот под индиска администрација.
Facebook Forum