САД не планираат да стават крај на нападите со беспилотни летала на пакистанска почва, истакнувајќи дека правото да целат на терористичките лидери се однесува на, како што велат, нивниот суверенитет.
Американскиот секретар за одбрана Леон Панета ова го изјави во одбрана на денешните напади за време на посетата на Њу Делхи. Тој подвлече дека Вашингтон отсекогаш ставил јасно на знаење дека ќе се брани себеси и дека нападите се од корист и за пакистанскиот народ кој честопати е цел на бунтовниците.
Првиот човек на Пентагон ова го изјави еден ден откако Белата куќа го потврди убиството на вториот по ранг лидер на Ал Каида Абу Јахја ал-Либи, наводно за време на напад со беспилотно летало во регионот Северен Вазиристан во Пакистан.
САД го окарактеризираа нападот како голем удар против Ал Каида.
Во вторникот, портпаролот на Белата куќа Џеј Карни одби директно да коментира за влијанието на акцијата врз американско-пакистанските односи, велејќи дека само САД имаат важни односи со Пакистан на кои секојдневно се работи, бидејќи е од американски национален интерес да се стори тоа.
Пакистанското Министерство за надворешни работи соопшти дека „стратешките недостатоци на ваквите напади ги надминуваат тактичките предности и токму затоа се контрапродуктивни“.