Линкови за пристапност

„Оушнгејт“ ги прекина сите истражувања и комерцијални експедиции


Компанијата не елаборираше повеќе за стопирањето на операциите
Компанијата не елаборираше повеќе за стопирањето на операциите

„Оушнгејт“, компанијата со седиште во САД и која управуваше со туристичката подмотница што се распадна за време на нуркањето до потонатиот брод Титаник, ги прекина сите истражувања и комерцијални операции, објави нејзината веб-страница денес.

Компанијата не елаборираше подалеку од црвениот транспарент на врвот на нејзината веб-страница: „Оушнгејт ги прекина сите истражувања и комерцијални операции“.

Компанијата планираше две експедиции до урнатините на Титаник, лоцирани во оддалечениот агол на Северниот Атлантик за јуни 2024 година.

Американските и канадските власти ја истражуваат причината за подморската имплозија во јуни, во која загинаа сите пет лица во бродот и покрена прашања за нерегулираната природа на таквите експедиции.

Американската крајбрежна стража минатата недела извлече претпоставени човечки останки и остатоци од подморницата, позната како „Титан“, по пребарувањето на океанското дно.

Испитувањето на урнатините се очекува да фрли повеќе светлина врз причината за имплозијата.

„Титан“ изгуби контакт со својот брод за поддршка за време на неговото спуштање на 18 јуни. Неговите останки беа пронајдени четири дена подоцна, на околу 488 метри од потонатиот брод Титаник.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG