Линкови за пристапност

Пронајдени можни човечки останки во остатоците од „Титан“


Американската крајбрежна стража соопшти дека најверојатно извлекла човечки останки од остатоците од потопната подморница „Титан“.

Подморница експлодираше минатата недела, при што загинаа сите пет лица во неа. Пловилото беше на пат да ги види остатоците од Титаник.

Остатоците од подморницата „Титан“ беа вратени на копно денес и претставуваат клучен дел од истрагата зошто подморницата експлодирала.

Во соопштението доцна попладнево, крајбрежната стража рече дека открила остатоци и докази од морското дно, а тоа го вклучува и она што го опиша како претпоставени човечки останки.

XS
SM
MD
LG