Линкови за пристапност

Нема реакции по извештајот на ОБСЕ за насилството врз жените


Нема реакции по извештајот на ОБСЕ за насилството врз жените
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:02 0:00

Нема реакции по извештајот на ОБСЕ за насилството врз жените

Информацијата се изгуби меѓу бројните политички вести и настани

Без посериозна реакција во јавноста помина истражувањето на ОБСЕ чии резултати покажуваат поразителни податоци во сферата на семејното и насилството врз жените.

Информацијата дека ваквото насилство често е недоволно пријавено и дека некои форми на физичко и сексуално насилство се широко распространети во земјава се загуби меѓу бројните политички вести и настани.

Извештајот покажува дека родовата нееднаквост е во основата на овој тип на насилство. „Има значајно малцинство кое опстојува на традиционалната перспектива на улогата на жените во општеството и дома. Отприлика една третина од жените мисли дека нивните пријатели би се согласиле дека жената треба да му се покорува на сопругот дури и ако не се согласува со него, а 32% сметаат дека е значајно за мажот да и покаже на партнерката кој е „газда“, се нотира во истражувањето.

„Родовата нееднаквост е во коренот на родово заснованото насилство над жените и девојките и затоа потребно е партнерство меѓу надлежните државни органи и граѓанскиот сектор за подобрување на ситуацијата. Потенцирам дека насилството врз жените и девојчињата е неприфатливо, дикриминирачко и против него мора да се бориме и по секоја цена да го спречиме“,изјави Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ.

Три од пет испитанички сметаат дека насилството врз жени е вообичаена работа. Една од 5 жени знаат за случај во кој нивна блиска пријателка или роднина е цел на семејно насилство.

14 отсто од жените потврдуваат дека искусиле физичко или сексуално насилство на 15 годишна возраст. Друг сериозен аспект на проблемот е и молкот на жртвите.

„Речиси половина од анкетираните жени во Северна Македонија сметаат дека семејното насилство е работа на приватност и треба да се реши во рамките на семејството. Три од 10 жени сметаат дека жртвите преувеличуваат во приказните. Истражувањето спроведено во вашата земја покажува дека некои од жените ваквото насилство го сметаат за нормална работа“, вели Амарсана Дарисурен, советник за родови прашања на ОБСЕ.

Проценките на ОБСЕ се дека со нов закон за спречување родово засновано насилство ситуацијата може да се подобри, и затоа очекувањата се дека вакво решение ќе се донесе до крајот на годината.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG