Линкови за пристапност

Епидемијата со опијати во САД стивнува


Нов извештај на Одделот за здравство покажува дека бројот на смртни случаи од предозираност престанал да расте

По неколкугодишниот нагорен тренд на епидемијата со опијати, бројот на смртни случаи од предозираност со дрога во САД стагнира, објави американскиот секретар за здравство Алекс Азар, јавува Асошиетед прес.

Сепак тој предупредува дека е рано да се прогласи победа.

„Далеку сме од крајот на епидемијата, но, можеби сме на крајот од почетокот“, кажа тој на настан организиран од истражувачкиот центар „Милкен“.

Борбата со епидемија е една од ретките теми која ги обединува републиканците и демократите во политички поделената држава.

Предлог- законот за обезбедување повеќе финансиски средства беше усвоен од поранешниот претседател Барак Обама. Претседателот на САД Доналд Трамп, пак, на почетокот на годинава, исто така, обезбеди повеќе пари за справување со оваа епидемија.

Денес се очекува Трамп да потпише двопартиска легислатива, со која меѓудругото, се олеснува пристапот до третман.

Според прелиминарните податоци на Центрите за контрола на болести на САД, минатата година од предозираност со дрога починале над 70.000 лица, што е зголемување за десет проценти во споредба со 2016-та година.

Азар нагласи дека повеќекратните напори за справување со епидемијата даваат резултати. Тој укажа на статистиката, која покажува успешност на третманот со лекови, како бупренорфин и налтрексон, особено кога се користат во комбинација со советување и поддршка.

Сепак, Азар рече дека кон крајот на минатата година и на почетокот на оваа, бројот на смртни случаи „престанал да се зголемува.

И покрај тоа, САД, се` уште се соочуваат со најсмртоносната епидемија на предозирање со дрога во историјата.

Конечните бројки за 2018-та година нема да бидат достапни до крајот на следната година, а работите би можеле да се влошат, а не да се подобрат, велат експертите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG