Купување преку Интернет - она што во САД и Европа одамна е секојдневие, во Македонија станува тренд последниве неколку години. Статистиката покажува дека во 2013-та, околу 6% од трансакциите се извршени онлајн, што е петкратно зголемување за разлика од 2010-та година. Истражувањата на пазарот покажуваат дека зголемувањето на корисниците на Интернет на 60% од населението е главниот предуслов за зголемувањето на ваквиот начин на купување, а пресудни се ниските цени во електронските продавници, неспоредливи со оние во конвенционалните дуќани, фактот дека може да се најде се` на едно место, од удобноста на домот или од канцеларијата, и доставата до дома.
Сето ова предизвика вистинска револуција во Македонија, па од едвај десетината електронски продавници во 2009-та, нивниот број годинава е најмалку 300, со што е-трговијата прерасна во своевидна индустрија.
„Многу потешка беше реализацијата од идејата. Практично, нашата идеја не беше нешто што го нема во светски рамки, туку нешто што сè уште го нема во Македонија. Во време на економска криза, кога сите бараат начини да заштедат, попустите се покажаа како одличен поттикнувач за конечно граѓаните да се "опуштат" и да го направат своето прво онлајн купување“, вели Нина Ангеловска, соосновач на „Групер“, Интернет-страница за групни попусти, каде се нуди се` и сешто, од храна - до патувања.
Што најмногу се купува? Облеката и спортската опрема се на врвот на листата на производи што најмногу се порачуваат по Интернет. Потоа следуваат аранжманите за летни и зимски одмори, производите за домаќинство, па книгите, весниците и списанијата, додека ваквиот вид трговија најмалку се користи за купување акции, осигурување и други финансиски услуги, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.
„Ако на почетокот нашата целна група беше млада популација од 20 до 35 години, сега интервалот е значително проширен до 55 години. Во однос на полот, правилото дека жените се поголеми потрошувачи, не отстапува ниту кај нас“, велат во Групер, врз основа на искуството од тригодишното постоење.
Иако Интернет-трговијата е се` попопуларна кај нас, таа никогаш нема да го достигне светското ниво, а за тоа најголема причина е стравот - за сигурноста на купувањето, за квалитетот на производот и за сигурноста на личните податоци од кредитните картички. На купувачите треба да им биде јасно прво, од каде порачуваат, па според цената на производот и неговиот изглед може самите да утврдат дали е фалсификат уште додека го гледаат на екран, посочуваат од Царинската управа, кога се работи за нарачки надвор од земјата, притоа наведувајќи еден обичен пример, дека телефонски апарат од марката Ајфон никако не може да чини 10 долари, и дека тоа е индикатор дека се работи за фалсификат.
Во Организацијата за заштита на потрошувачи велат дека се соочуваат со сериозен проблем кога станува збор за поплаки од граѓани, незадоволни од производите купени онлајн. Само во април годинава, бројот на поплаки е огромен, а Организацијата е немоќна да им помогне, зашто голем број од тие продавници не се регистрирани како фирми во Централниот регистар.
„Производите се доставуваат по брза пошта. Доколку не го добиле производот за кој платиле, не можат да го вратат, бидејќи немаат комуникација со продавачот. Тие не можат да го остварат своето право да го вратат производот во рок од 8 дена, зашто немаат информација на која адреса треба да се прати, иако многу често на овие веб-страници пишува дека производот може да се користи дури и до 60 дена и доколку потрошувачот не е задоволен, може да го врати“, истакнуваат од Организацијата за заштита на потрошувачи. За нив, проблем е што и дел од потрошувачите воопшто не ги познаваат правилата на Интернет-купувањето, што се поинакви од оние на конвенционалниот пазар.
„Она што им го препорачуваме е секогаш да внимаваат дали производителот е практично реален, односно дали постои или не. Кога ќе наидат на ситуација при плаќање на производ да им биде побаран пасворд од картичката, тоа да не го даваат, бидејќи тоа е веќе првиот сигнал дека нешто не е во ред со веб-страницата, односно дека можеби се работи за лажна страница која ќе ги злоупотреби нивните податоци, а можно е да дојде и до одземање на паричните средства од картичката на потрошувачот“, велат од Организацијата.
И покрај недостатоците, во наредниот период се очекува онлајн порачките само да пораснат со оглед на тоа што, од крајот на минатата година, на македонскиот пазар се појави светската марка Пејпал, синоним за безбедно Интернет-тргување. Кон поттикнувањето на домашната е-трговија, пак, се вклучи и државата преку проектот на Министерството за информатичко општество за отворање и хостирање на 100 електронски продавници за 100 македонски бизниси и компании во зачеток.