Линкови за пристапност

Олимпискиот ефект


Илјадници, од најразлични места, допатуваа во Лондон за да следат спортови за кои се` довчера можеби и не се интересирале.

Можеби затоа што се одржуваат на секои четири години, Олимписките игри привлекуваат многу гледачи кои не жалат пари во живо да ги проследат натпреварите. Некои ова го нарекуват олимпискиот ефект.

Лондон, деновиве. Илјадници допатувале од најразлични места, за да следат спортови за кои се` довчера можеби и не се интересирале. Наречете ја олимписка грозница, или олимписки ефект, сеедно.

„Се чувстувате како олимпиец. со самиот факт што сте во Лондон“ вели една посетителка.

„Многу убаво. Возбудливо“, додава друга.

„Број еден настан во светот. Може да видите натпреварувачи од сите земји“, ги пренесува импресиите еден посетител.

И домаќините, Британците, уживаат во привилегијата да следат натпревари – на само една-две станици со метрото.

„Сакав да бидам дел од Олмпијадата во Лондон. Се случува еднаш во животот“, вели жителка на градот.

„Навистина, се работи за инспирација за следната генерација“, коментира нејзина сограѓанка.

Британскиот новинар Ендрју Греј известувал од Олимпијадите во Атина и во Сиднеј, а сега пишува блог за ефектите од Олипијада.

„Се работи за неповторливоста на Олимпијадите. Еднаш на секои четири години, но и еднаш во животот, како искуство. Тоа е голема мотивација!“, елаборира Греј, наведувајќи ги причините за олимпискиот ефект.

Дали поттикнат од емоциите или рекламирањето, по млакиот почеток, олимпискиот дух зајакнува во Лондон.
XS
SM
MD
LG