Има нешта што не може да ги купите со влезниците за Олимпијадата во Лондон. Зошто? Затоа што се бесплатни! Како да ги поддржите спортистите, а притоа да не останете со празен џеп?
На пример, не ви требаат влезници за лондонскиот Хајд Парк за да го проследите триатлонот во женска конкуренција. Кејт Дејвис Кларк дошла од Њујорк да навива за најдобрата пријателка, атлетичарката Сара Гроф.
„Дојдовме уште во 4:30 утринава и најдовме одлично место за гледање. Сите беа пријателски расположени. Волонтерите дури ни честитаа што сме станаме толку рано!“, со насмевка раскажува Кларк.
Таа беше меѓу бројните кои од не толку голема далечина го видоа пливачкиот дел од натпреварувањето, а одблизу велосипедскиот и оној со трчање.
Во близина на Хајд Парк, Џејн Аугтон од Велика Британија преку симулација на бранови во базен почувствува како е да се учествува во триатлон.
„Никогаш не сум пливала во ваков базен, и тоа среде Хајд Парк. Ова е ретка можност што не смее да се пропушти“, вели Аугтон.
Симулацијата е дел од активностите на прогамата „БТ Лондон во живо“,, на многу локации ширум Лондон. Спонзорирана од Британскиот телеком, таа им дава можност на посетителите да го почувствуваат олимпискиот дух. На ваквите локации има бројни големи екрани за следење на разни олимписки натпреварувања, концерти и забава за децата – сето тоа бесплатно.
Бернард Докерти од „БТ Лондон во живо“ вели дека повеќе од 30.000 луѓе дневно доаѓаат на локациите.
„Следите различни натпреварувања на повеќе екрани. Физички не сте на олимписките борилишта, но многу луѓе ми признаа дека во Хајд Парк има подобар видик и подобра забава, без влезница“, убеден е Докерти.