Линкови за пристапност

БП: „статик кил“ функционира


Oсум часа внесување густа кал, нивото на притисок во бунарот е на посакуваното ниво

Нафтениот гигант Бритиш Петролеум соопшти дека последната процедура за затварање на дефектниот нафтен бунар во Мексиканскиот залив е успешна.

Компанијата издаде соопштение во среда, еден ден откако почна операцијата наречена „статик кил“. Таа операција значи пумпање густа кал во бунарот ,пред да биде трајно зацементиран.

БП обелодени дека по осум часа внесување густа кал, нивото на притисок во бунарот е на посакуваното ниво. Засега процесот е стопиран, со цел експертите да видат дали е потребно внесување уште кал.

Компанијата рече дека соработува со владиниот претставник за одговор на нафтената криза, пензионираниот адмирал на Крајбрежната служба, Тад Ален, со цел да одлучат дали цементирањето да се направи по истиот пат.

Властите јавија дека се излеале 4,9 милиони барели нафта по експлозијата на нафтената платформа на 20-ти април, при што загинаа 11 лица.

XS
SM
MD
LG