Американскиот претседател Барак Обама вели дека нема да запре се` додека не биде спречено огромното излевање на нафта предизвикано од експлозија на платформа во Мексиканскиот Залив.
Обама во петокот изјави дека главен приоритет во моментов е запирање на истекувањето и дека научниците и инженерите ја користат најдобрата и најсовремена технологија на располагање тоа да се стори што е можно поскоро.
Претседателот ова го кажа по средбата со својот кабинет на која бил ставен акцент на ситуацијата во Мексиканскиот Залив.
Обама со остар тон се обрати и до раководните лица на нафтениот гигант Бритиш петролиум, на компанијата за дупчење Трансоуш`н договорниот соработник, компанијата Халибартон. Директорите неделава се појавија на распит во Сенатот, каде меѓусебно се обвинуваа за катастрофата. Претседателот рече доа тоа бил „бесмислен спектакл“ што воопшто не му се допаднал.