Нафтата неодамна се разменуваше по највисока цена за последниве две години. Насилните судири во Либија драстично го намалија производството и генерираа страв дека тамошните немири може да се прошират на други земји-произведувачи на нафта на Блискиот исток, натамошно намалувајќи ги светските резерви.
Но тие стравувања во вторник беа надвладеани со загриженост дека Јапонија, третиот најголем увозник на нафта, барем привремено ќе го намали увозот. Дел од јапонската економија веќа запре додека земјата се справува со големата штета од петочниот земјотрес и цунами и се обидува да го запре ширењето на радијација од општетените нуклеарни реактори.
Големи индустриски комплекси веќе затворија. Сони, најголемиот извозник на ситна електроника од земјата, ги запре операциите во 10 фабрики, додека Тојота, најголемиот автопроизводител во светот, ги затвори сите фабрики.
Сировата нафта Брент на лондонската берза падна на околу 108 долари за барел, што е големо снижување од 120 долари колку што беше до сега. Во Њујорк, цената на американската сирова нафта падна од нешто под сто долари за барел на 97 долари.
Аналитичарите велат дека јапонскиот увоз на нафта може повторно да се зголеми кога земјата ќе почне со чистење на штетата и повторна изградба на североисточниот сектор на земјата што беше однесен од цунамите.