Линкови за пристапност

Одговорот на Западот кон руската инвазија на Украина откри двојни стандарди, вели „Амнести интернешнл“


Организацијата вели дека силниот меѓународен одговор на инвазијата на Москва ги разоткрил двојните стандарди на многу земји, кои ја осудиле Русија, но не реагирале на другите кризи со човекови права
Организацијата вели дека силниот меѓународен одговор на инвазијата на Москва ги разоткрил двојните стандарди на многу земји, кои ја осудиле Русија, но не реагирале на другите кризи со човекови права

Глобалната реакција кон руската инвазија на Украина треба да се гледа како план за справување со масовните прекршувања на човековите права, според „Амнести интернешенл“ во својот годишен извештај објавен денес.

Сепак, организацијата го обвинува Западот дека ги игнорира другите прекршувања на човековите права.

Според „Амнести интернешенл“, руската инвазија на Украина во февруари 2022 година довела до „воено уништување на народот и земјата“.

„За неколку месеци, цивилната инфраструктура беше уништена, илјадници загинаа и многу други беа повредени“, се вели во извештајот.

„Акцијата на Русија ја забрза глобалната енергетска криза и помогна да се ослабат системите за производство и дистрибуција на храна, што доведе до глобална криза со храна, која продолжува да ги погодува посиромашните нации“.

Силниот глобален одговор започна неколку дена по инвазијата, според Филип Лутер, директор за истражување во „Амнести интернешнл“, во интервју за Гласот на Америка.

„Го видовме гласањето на Генералното собрание на ОН за осуда на руската инвазија. Тоа беше добро. Меѓународниот кривичен суд отвори истрага за воени злосторства, а западните земји ги отворија своите граници за украинските бегалци. За нас, овие мерки беа навистина план што може да се каже за тоа како да се решат масовните прекршувања на човековите права“, истакна Лутер.

Русија негира дека извршила злосторства или дека таргетирала цивили во Украина, и покрај широко распространетите докази документирани од истражителите на Обединетите нации и другите групи за човекови права.

„Амнести интернешнл“ беше широко критикувана минатата година кога ги обвини украинските сили дека ги загрозуваат цивилите со стационирање на својата војска во станбени области.

Директорката на „Амнести интернешнл“ во Украина поднесе оставка, обвинувајќи ја организацијата за повторување на пропагандата на Кремљ, додека претседателот на Украина рече дека групата се обидела „да ја префрли одговорноста од агресорот на жртвата“.

„Амнести интернешнл“ денес соопшти дека ќе продолжи да ги истакнува кршењата на човековите права од сите страни.

„На сите ни е исклучително јасно дека прекршувањата извршени од руските сили се многу поважни и поубиствени од било што друго што може да го направи украинската војска. Тоа, како што рече, нашиот мандат, нашата мисија е да ги заштитиме цивилите. И од тоа причина, ние ќе продолжиме да ги разоткриваме прекршувањата извршени од страна на украинските воени сили“, рече генералниот секретар на „Амнести интернешенл“ Агнес Каламар на прес-конференција денес во Париз.

„Амнести интернешенл“ вели дека силниот меѓународен одговор на инвазијата на Москва ги разоткри двојните стандарди на многу земји, кои ја осудија Русија, но не реагираа на другите кризи со човековите права.

„Солидарност му се должи на украинскиот народ, но и на народот на Палестина, на народот на Еритреја, на народот на Мјанмар. И тоа не се случи во 2022 година“, изјави Каламар.

Европските нации примија околу 8 милиони украински бегалци од инвазијата. „Амнести интернешенл“ вели дека политиките кон другите националности кои бараат азил се зацврстиле.

„Тие не покажаа ист третман кон оние кои бегаат од војна и агресија од други места - војна во Сирија или во Авганистан или насилство во Хаити кога станува збор за САД“, изјави Лутер за Гласот на Америка.

XS
SM
MD
LG