Линкови за пристапност

Обидот за атентат врз Трамп ги разгоре дебатите за употреба на оружјето во САД


Обидот за атентат врз Трамп ги разгоре дебатите за употреба на оружјето во САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:16 0:00

Обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп треба да биде „повик за будење“ против насилството со оружје, вели главниот американскиот хирург д-р Вивек Мурти, кој нападите со огнено оружје во САД ги прогласи за „здравствена криза“. Известува Вероника Балдерас Иглесијас. .

Пукањето врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп на 13 јули го остави главниот американски хирург д-р Вивек Мурти „ужаснат“, изјави тој за Асошиетед прес.

„Секоја година губиме речиси 50.000 животи поради вооруженото насилство. Мојата надеж е наместо тоа да го гледаме како поларизирачко и политичко прашање, да го видиме она што е – јавно здравствено прашање кое не’ засега сите нас“, објави Мурти.

Минатиот месец, канцеларијата на Мурти го издаде првиот совет за насилство од огнено оружје.

Тој истакна дека 54 отсто од Американците доживеале насилство со огнено оружје директно или преку член на семејството и предложи начини за решавање на она што тој смета дека е „криза на јавното здравје“.

„Ова вклучува имплементација на програми за превенција од насилство во заедницата и стратегии за намалување на ризикот од огнено оружје. Подобрување на пристапот до грижа за менталното здравје за оние кои се изложени на ризик од насилство со огнено оружје“, посочува Мурти.

Националната асоцијација за оружје за Гласот на Америка писмено изјави дека „продолжува војната на администрацијата на Бајден против сопствениците на оружје кои го почитуваат законот“.

Еми Свиер, од конзервативната истражувачка група Фондацијата Херитиџ, сподели слични ставови.

„Прогресивните либерални политики едноставно не успеваат да ја заштитат јавноста – тие не успеваат да ги спроведат законите што веќе постојат. Тие рутински само го отфрлаат малиот дел од населението што е одговорно за огромното мнозинство на насилни злосторства наместо да ги стават во затвор”, истакнува Свиер.

Гласот на Америка праша неколку американски гласачи дали обидот за атентат на Трамп ги промени нивните перспективи за поседување оружје.

„Сметам дека ако знаете како да се справите безбедно, тогаш треба да го имате. И сега со климата каква што е, мислам дека повеќе луѓе треба да се вооружат и да ги заштитат своите домови“, вели Андреа Гонзалес, сопственичка на оружје.

„Има премногу насилство во Америка и треба да бидеме поконкретни за контролата на оружјето. Не сакам да гледам некој да биде повреден“, смета Мики Вициг, гласачка.

Истражувачите велат дека надвор од критичните, но тешки национални разговори за политиката, постојат мерки што може да се преземат на основно ниво за да се спречат смртни случаи поврзани со огнено оружје, од кои повеќето беа самоубиства во 2022 година.

„Да научиме вештини за превенција од самоубиства. Да не се плашиме да посегнеме по луѓето за тешки разговори. Градење на структури за нега и помош, за луѓето да се поврзат и да создадат планови за интервенција“, укажува Џилијан Петерсон од Проектот за превенција од насилство.

Училиштата, работните места, верските и центрите на заедницата би можеле да учествуваат во тие напори, истакна Петерсон.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG