Линкови за пристапност

Обама во напор да го поправи рејтингот


Претседателот со годишното обраќање во вторник ќе повика на програми за намалување на јазот на нееднаквост.

Американскиот претседател Барак Обама се подготвува за обраќање до нацијата пред Конгресот во вторник, трудејќи се да се врати на позиција од пред минатогодишните законодавни уназадувања кои му донесоа слаб рејтинг кај гласачите.

Конгресот минатата година го порази обидот на Обама за нова легислатива за контрола на оружјето и промените во имиграционите закони застанаа. Истражувањата покажуваат дека неговиот рејтинг е под 40 проценти, што падна заедно со лошиот почеток на неговите реформи во здравствениот систем.

Во говорот за Состојбата на унијата, соработниците на Обама велат дека тој ќе ја потенцира неговата работа на намалување на економската нееднаквост во државата, повикувајќи на програми за поттикнување на креирањето на работни места и зголемување на работниците со ниски примања.

Прес-секретарот на Обама, Џеј Карни, вели дека претседателот ќе работи со Конгресот кога ќе може за поттикнување на економската добросостојба на средната класа, но ќе делува унилатерално кога ќе смета дека тоа е неопходно.
XS
SM
MD
LG