Линкови за пристапност

Обама: Нема да толерираме засолништа за терористите


Американскиот претседател Барак Обама во денешното обраќање од Белата куќа
Американскиот претседател Барак Обама во денешното обраќање од Белата куќа

Ова не е само американска битка, рече претседателот за синоќешната акција против Исламската држава и огранок на Ал-Каида во Сирија

„Силата на оваа коалиција става јасно до знаење на светот дека ова не е само американска битка“, изјави денеска претседателот Обама, коментирајќи на воздушната акција што САД синоќа со поддршка од Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Јордан, Бахреин и Катар ја извршија против милитантите на Исламската држава (ИД) во Сирија.

Обама рече дека најновите воздушни напади се во согласност со стратегијата што во обраќање до нацијата ја изложи претходно месецов, за спротиставување на заканата што ја претставува ИД преку една широка коалиција. Според американскиот претседател, преку 40 земји понудиле помош.

Тој најави дека САД ќе продолжат со планот, поддржан од Конгресот, за обука и опремување на сириската опозиција којашто, како што рече, е најдобра противтежа на ИД и режимот на Асад.

Првиот човек на САД соопшти и дека синоќа биле нападнат и огранок на Ал-Каида во Сирија, организацијата позната како Корасан.

„На сите коишто заговараат против Америка и се обидуваат да повредат Американци мора да им биде јасно дека нема да толерираме засолништа за терористите коишто се закануваат на нашите луѓе“, рече Обама.

XS
SM
MD
LG