Линкови за пристапност

Обама ја брани одлуката за размена на Бергдал за притвореници од Гвантанамо


Знак со поддршка за ослободувањето во продавница во местото Хејли, Ајдахо, родната сојузна држава на Бергдал
Знак со поддршка за ослободувањето во продавница во местото Хејли, Ајдахо, родната сојузна држава на Бергдал

Имаме света обврска да не оставиме на цедило ниту еден припадник на вооружените сили, вели врховниот командант на САД.

Американскиот претседател Барак Обама ја брани одлуката да ослободи пет авганистански притвореници од базата Гвантанамо во замена за водникот Бо Бергдал.

Од Варшава - првата станица на неговата европска турнеја - Обама порача дека САД имаат света обврска да не остават на цедило ниту еден припадник на вооружените сили. Тој кажа и дека неговата влада „извесно време“ се консултирала со Конгресот за размена на затвореници.

Петтте притвореници во неделата отпатуваа за Катар, откако Талибан го ослободи Бергдал. Согласно условите на размената, петмината не смеат да го напуштат Катар во рок од една година.

Началникот на Здружениот генералштаб на САД, генералот Мартин Демпси, рече дека размената била „веројатно, најдобрата и последна можност за ослободување“ на Бергдал.

Се` уште е отворено прашањето како 28-годишниот водник од сојузната држава Ајдахо паднал во рацете на Талибан на 30-ти јуни 2009-та, приближно два месеца откако пристигнал во Авганистан. Демпси на својата Фејсбук-страница наведе дека Бергдал е невин, освен доколку не се докаже дека е виновен, но и дека армиските водачи ќе разгледаат дали ги прекршил правилата.

Секретарот за одбрана Чак Хегел, пак, изрази надеж дека оваа размена на затвореници ќе доведе до пресвртен момент во односите со милитантите.
XS
SM
MD
LG