Американскиот секретар за одбрана Чак Хегел ја брани одлуката со која заробениот американски водник Бо Бергдал саботата беше ослободен во замена за пет припадници на Талибан, притворени во американската армиска база Гвантанамо на Куба. До размената дојде со посредство на Катар. Катарските власти ветија дека припадниците на Талибан ќе минат една година во земјата и дека будно ќе ги следат нивните активности.
Хегел вели дека американската влада се решила на размената бидејќи стравувала дека животот на Бергдал е во опасност. Токму поради таа ургентност, наведува тој, конгресните водачи не биле известени 30 дена однапред, како што налагаат правилата, дека претседателот Барак Обама планира ваков потег.
„Тој беше воен заробеник цели пет години. Да, постои обврска да се извести Конгресот 30 дена однапред. Јас саботата го известив надлежното конгресно раководство. Имам таква обврска како секратар за одбрана. Ова, според нашето мислење, беше за да се спаси животот на водникот Бергдал. Имавме информација дека неговото здравје може нагло да се влоши. Ова беше прашање на неговата безбедност. Најдовме можност. Ја искористивме. Стојам зад таквата одлука“, изјави Хегел за ТВ-мрежата НБЦ.
Запрашан дали оваа размена може да отвори пат за обновување на разговорите со Талибан, Хегел одговори со - можеби: „Како што знаете, цврсто го поддржуваме обидот на авганистанската влада да постигне спогодба со Талибан. Ние бевме ангажирани со Талибан се` до 2012-та. Тие ги прекинаа тие преговори. Оттогаш - наваму не сме имале формални односи“.
Талибан го зароби 28-годишниот Бергдал на 30-ти јуни 2009-та, приближно два месеца откако пристигнал во Авганистан. Околностите под коишто дошло до тоа се` уште се нејасни. Бергдал неделата беше префрлен во американска армиска база во Германија, каде ќе му бидат направени лекарски тестови и ќе биде испрашан за речиси петте години минатги во заробеништво на Талибан.
Објавувајќи ја веста за ослободувањето на Бергдал, претседателот Обама саботата во Белата куќа се појави заедно со родителите на водникот. Тој кажа дека САД не заборавиле на Бергдал и дека не ги оставаат на цедило своите луѓе во униформа. Минатата недела, претседателот најави дека САД до крајот на 2014-та ќе завршат со борбените операции во Авганистан, но дека во земјата ќе останат приближно 9.800 војници за да ја обучуваат авганистанската армија и да помагаат во антитерористичките операции. Обама планира доплонително да го намали бројот на војници во Авганистан на помалку од 1.000 до крајот на 2016-та.
САД извршија инвазија врз Авганистан во 2001-ва за да ги уништат армиските инсталации на Талибан, по терористичките напади во САД на 11-ти септември 2001-ва, кога загинаа речиси 3.000 лица.
Американскиот секретар за одбрана не верува дека размената во која беше ослободен Бергдал ќе ги доведе во опасност американските војници и цивили во странство, со тоа што би поттикнала бран грабнувања и барања за откуп. Хегел беше дециден дека американскиот учинок, кога станува збор за гонење на терористите и грабнувачите, е очигледен.
Дел од опозиционите претставници во Конгресот го поздравија ослободувањето на Бергдал, но ги критикуваа условите под кои била извршена размената. Еден од критичарите, републиканскиот конгресмен Мајк Роџерс, кажа дека размената претставува фундаментален пресврт во американската политика што би им дала на терористите поголем поттик да земаат американски заложници.
Републиканскиот сенатор Џон Мекејн, инаку заробеник за време на Виетнамската војна, за ТВ-мрежата ЦБС изјави дека петмината милитанти на Талибан, ослободени од Гвантанамо, се најзакоравени од најзакоравените и можеби одговорни за убиство на илјадници лица. Тој кажа и дека е документирано дека претходно ослободените лица од Гвантанамо повторно се вклучиле во борбени операции.
„Мислам дека најголемото прашање е што ќе се случи со овие пет лица. Ако се вратат на борбата, тоа ќе загрози американски животи и никој не сака тоа да се случи, секретарот Хегел или некој друг. Но, ако по една година мината во Катар им биде овозможено да прават што ќе посакаат, тие несомнено ќе се вратат на борбата. Тоа го сторија и други коишто беа ослободени од Гвантанамо“, рече Мекејн.
Аналитичарот за Јужна Азија во корпорацијата РАНД, Џонах Бленк, мисли дека нема потреба да се доведува во прашање загриженоста на Хегел за безбедноста на војникот и времето кога е издејствувано ослободувањето. Тој смета дека некои фракции во Талибан можеби биле наклонети кој јавно погубување на Бергдал и дека размената за петмина припадници на Талибан е во ред.
„Да напоменам дека размената на затвореници не е ништо ново. САД размениле затвореници во Револуционерната војна, Цивилната војна, Првата светска војна, Втората, Корејската, Виетнамската. Ако сме имале размена на затвореници со нацистичка Германија и комунистичка Северна Кореја, ми се чини дека Талибан не би требало да се држи настрана од тоа“, вели Бленк.
Овој аналитичар додава дека најверојатно не би дошло до размената, доколку станувало збор за припадници на Ал-каида. И, згора на се, вели Бленк, американските војници и цивили со оваа размена не дошле во поголема опасност од грабнување од онаа во којашто веќе се наоѓаат.