Линкови за пристапност

САД го слават Денот на сеќавањето на воените ветерани


Претседателот Обама истакна дека празникот е можност Американците да се сетат на загинатите, за да го почитуваат мирот и да живеат во слобода.

На Денот на сеќавањето на воените ветерани претседателот Барак Обама вообичаено се обраќа во нивна чест.

Заедно со сопругата Мишел тој ќе присуствува на церемонијата на положување венец на Националните гробишта во Арлингтон во близина на Вашингтон, каде војници поставија американски знамиња на преку 260.000 гробови.

Семејството Обама утрово во Белата куќа организираше и појадок за семејства на загинати војници.

За време на редовното неделно радио обраќање, претседателот Обама ја нагласи улогата на жените и мажите во униформа, зашто денешниот празник е време Американците да се сетат на загинатите, за да го почитуваат мирот и да живеат во слобода.

Воедно, тој ја повика нацијата да посегне по семејствата на воените ветерани и да обезбеди тие да ја добијат здравствената грижа и бенефиции што ги заслужуваат.

За многумина Американци ова е неработен ден, а на продолжениот викенд се гледа како на неофицијален почеток на летните одмори. Традиционалната прослава е со паради, излети, кампирања и патувања.
XS
SM
MD
LG