Линкови за пристапност

Филипинскиот претседател жали за коментарот кон Обама


Забелешката доведе до откажување на нивниот состанок на маргините на Самитот АСЕАН во Лаос

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте изрази жалење дека коментарот што го дал, користејќи вулгарен речник, бил сфатен како личен напад против американскиот претседател Барак Обама.

Забелешката доведе до откажување на нивниот состанок на маргините на Самитот АСЕАН во Лаос.

„Тој жали оти неговите забелешки во медиумите предизвикаа голема контроверза. Додека ја докажува намерата за креирање независна надворешна политика и промовирање блиски врски со сите нации, тој изразува длабоко каење и наклоност кон претседателот Обама, како и кон одржување партнерство меѓу нашите држави“, изјави Мартин Анданар, секретар за комуникации на филипинскиот претседател.

Дутерте го предупреди Обама да не му држи предавања за преземање мерки против наркодилерите, кои довеле до повеќе од 2.000 убиства, откако тој ја презел функцијата во јуни.

Обама првично ги игнорираше коментарите на Дутерте, нарекувајќи го „човек со шарен вокабулар“ за време на прес-конференцијата во Кина.

XS
SM
MD
LG