Линкови за пристапност

Обама и Клинтон со заедничка визија


Хилари Клинтон сака да победи во трката за Белата куќа, а Барак Обама се обидува да осигури дека неговата политика ќе продолжи да биде спроведувана и по крајот на неговиот мандат

Претседателот Обама вчера на настан во Шарлот, Северна Каролина пред голема и бодра толпа на луѓе одржа емотивен говор за поранешната државна секретарка:

„Имате да направите јасен избор помеѓу две фундаментално различни визии, каде и по кој правец Америка треба да се движи. Ова дури и не е избор помеѓу лево или десно или помеѓу републиканците или демократите – ова е избор дали ќе се држиме до некое имагинарно минато или ќе посегнеме по иднината. Ова е избор дали ќе ја имаме Америка добра за сите или само за неколкумина.“

Во говорите, Обама и Клинтон ги здружија нивните политики и визии за иднината:

„Пред се, ќе изградиме визијата за Америка за која претседателот Обама отсекогаш се бореше. Визија за иднината во која ние заеднички правиме големи нешта не како црвени или сини (републикански или демократски) сојузни држави , туку како Соединети Американски Држави“, рече претседателот.

Обама во моментот ужива голема поддршка во јавноста, и неговата поддршка за најверојатната демократска кандидатка Клинтон се очекува да и даде дополнителен поттик.

Нејзината кампања ја следеше скандалот со користење на приватниот сервер за електронски пораки, и таа продолжува да има висок процент на неодобрување во повеќето анкети.

Заедничкото појавување се случи на само неколку часа откако директорот на ФБИ, Џејмс Коми објави дека агенцијата не препорачува кривични пријава за Клинтон во врска со нејзините електронски пораки. Но ја критикуваше нејзе и нејзините соработници дека биле „многу невнимателни“ во ракувањето со класифицираните информации.

XS
SM
MD
LG