Линкови за пристапност

Обама ветува борба за работни места


Обама ветува борба за работни места
Обама ветува борба за работни места

Обама патуваше по земјата промовирајќи го предлог-актот тежок 447 милијарди долари.

Американскиот претседател Барак Обама вели дека има намера да го одржи притисокот врз законодавците за усвојување на неговиот план за креирање работни места, и покрај републиканскиот критицизам дека тоа е „слаба замена“ за потребната политика за поттикнување на растежот на вработеноста во државата.

Обама патуваше по земјата промовирајќи го предлог-актот тежок 447 милијарди долари. Тој кажа дека тоа ќе помогне да се поттикне американската економија со тоа што ќе им помогне на малите бизниси и преку креирање на речиси два милиони работни мест, како и вработување на градежници и наставници. На група поддржувачи вчера тој им кажа дека Претставничкиот дом има „природен инстикт“ за противење на сотработката со него по мерката.

Но претседателот вети дека ќе продолжи да објаснува на американската јавност дека е „можно Вашингтон да направи разлика во овој момент“.

Претходно во денот спикерот на Претставничкиот дом Џон Бејнер го отфрли планот на Обама. Говореше пред Економскиот клуб во Вашингтон. Бејнер кажа дека претерана регулатива, владино трошење и сегашниот даночен систем се закана за креирањето работни места.

XS
SM
MD
LG