Линкови за пристапност

Обама вели ерата на Гадафи завршила


Обама вели ерата на Гадафи завршила
Обама вели ерата на Гадафи завршила

Американскиот претседател Барак Обама вели дека владеењето на Моамар Гадафи „привршува“ додека се` поголем број арапски нации се приклучуваат на признавањеро на либиската опозиција како легитимен претставник на народот на државата.

Претседателот го повика Гадафи да спречи натамошно крвопролевање и ги инструираше лојалистичките сили кои продолжуваат да се борат „да го положат оружјето во интерес на Либија“. Тој исто така ги повика опозиционите сили да изградат демократска влада преку „мирољубиви, инклузивни и праведни“ мерки и да не бараат правда преку насилнична одмазда.

Обама го нарече Моамар Гадафи тиранин кој им ги негирал основните човечки права на неговиот народ.

Соседен Египет формално го призна либискиот бунтовнички национален совет во понеделникот како претставник на либискиот народ. Либијците го започнаа востанието по египетскиот револт што го заврши тридецениското владеење на претседателот Хосни Мубарак, порано годинава.

Арапската лига, Палестинската управа и Мароко исто така ја потврдија поддршката за опозицијата. Државната агенција на Мароко кажа дека министерот за надворешни работи Таиб Фас Фихри ќе патува во вторник во Бенгази.

Порано во понеделник , Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун повика на „Earlier Monday, U.N. Secretary-General Ban Ki-moon called for a "глатка транзиција“ и кажа дека ОН се подготвени да му обезбедат на либискиот народ помош по конфликтот. Бан кажа дека ќе има итен состанок за Либија неделава со поголемите организации како Африканската унија и Арапската лига.

Францускиот претседател Николас Саркози го поканил раководителот на либиската опозиција да дојде во Париз во наредниве неколку дена. Франција беше првата држава што го призна опозициониот совет како легитимен претставник на либискиот народ.

Русија во понеделник кажа дека се надева оти бунтовничкото преземање на Триполи ќе го запре крвопролевањето што донело многу страдање за либискиот народ. Руското Министерство за надворешни работи ја охрабри меѓународната заедница да се држи настрана од либиските внатрешни работи.

Кина во понеделникот кажа дека „го почитува изборот на либискиот народ“ и дека се надева оти стабилноста ќе се врати брзо во земјата.

Британскиот премиер Дејвид Камерон кажа дека бунтовничкото напредување во Триполи им помогнало на револуциите на Арапската пролет на Блискиот исток да ги воспостават почетоците на демократија во регионот. Тој рече дека Лондон наскоро ќе биде во состојба да го одмрзне имотот на Либија во странство за употреба од страна на либискиот народ.

XS
SM
MD
LG