Линкови за пристапност

Семејството на Гадафи пребегало во Алжир


Семејството на Гадафи пребегало во Алжир
Семејството на Гадафи пребегало во Алжир

Бунтовничките лидери во Либија побараа властите во Алжир да ги екстрадираат сопругата на Моамар Гадафи и три од негите деца, откако групата влегла во Алжир рано во понеделникот.

Алжирското Министерство за надворешни работи соопшти дека сопругата на Гадафи Сафија, ќерката Аиша, и двајца од неговите синови Мохамад и Ханибал влегле во државата со автомобил. Во соопштението се вели дека сопружниците на децата на либискиот лидер и нивните деца исто така дошле со нив.

Официјални лица во Алжир кажаа дека за тоа го известиле Генералниот секретар на ОН и либискиот Транзиционен национален совет. Бунтовничките претставници претходно го обвинија Алжир – единствениот либиски северноафрикански сосед што не го призна советот – за поддршка на Гадафи и обезбедување помош од странство за задушување на револтот. Алжир ги негираше обвиненијата.

Либискиот лидер не е виден откако бунтовничките борци го зазедоа главниот град минатата недела, но Белата куќа кажа дека американската влада исто така нема индикации дека Гадафи ја напуштил Либија. Местото каде што е Гадафи и другите синови, кои играле важна улога во либискиот армиски и економски живот, исто така се непознати.

Во меѓувреме група за човекови права од САД вели дека открила докази за можни воени злосторства сторени од силите лојални на Гадафи во Мисрата.

Лекарите од Човекови права во извештај објавен во вторник велат дека силите лојални на Гадафи извеле убиства, тортура, силувања и присилно затворање. Извештајот вели дека трупите ги принудиле цивилите да бижат жив штит пред нападите од НАТО, и ги спречувале цивилите да добијат хуманитарна помош.

XS
SM
MD
LG