Линкови за пристапност

Рејтингот на Обама опаѓа


Рејтингот на Обама опаѓа
Рејтингот на Обама опаѓа

Ново истражување на јавно мислење донесе повеќе лоши вести за претседателот Барак Обама. Последното од серијата истражувања покажува незадоволство кај мнозинството заради неговото постапување по економските прашања.

Истражување на Универзитетот Квинипек покажува дека мнозинството Американци – 58 проценти не се согласуваат со начинот на кој тој се однесува по економски прашања. Националната невработеност е над девет проценти.

Истражувањето индицира намалување на популарноста на Обама, со 47 проценти кои ја одобруваат неговата работа, во споредба со 52 проценти колку што беше минатиот месец. Претседателот имаше скок во популарноста по убиството на Осама бин Ладен.

Многу Американци изразија фрустрираност со слабо-растечката економија додека се борат да ги платат сметките.

Истражување на CNN чии резулти беа објавени во среда, покажа дека економијата е главно прашање за Американците.

Неодамнешно истражување на Вашингтон пост и ABC News исто така покажа длабоко неодобрување на справувањето со економијата на претседателот Обама - 59 проценти.

XS
SM
MD
LG