Линкови за пристапност

Обама го претстави планот за намалување на дефицитот


Обама го претстави планот за намалување на дефицитот
Обама го претстави планот за намалување на дефицитот

Американскиот претседател Барак Обама презентираше план за кој вели дека има за цел да го намали масивниот дефицит на државата за четири трилиони долари во текот на наредните 12 години.

Претседателот Обама ја изнесе неговата економска стратегија во говор на Универзитетот Џорџ Вашингтон, во Вашингтон, во среда.

Тој рече дека приодот што тој го предлага „става секој вид на трошоци на маса“, но дека сепак ја штити средната класа, постарите и инвестициите за иднината.

Планот на претседателот вклучува намалување на домашните трошоци, наоѓање дополнително штедење во буџетот за одбраната и реформирање на скапите програми за постарите, пензионерите и сиромашните.

Претседателот Обама кажа дека тој исто така сака да го намали трошењето по даночниот кодекс. Тој рече дека одбива да ги обнови даночните олеснувања за најбогатите Американци. Претседателот веќе се согласи еднаш да ги намали даночните олеснувања, во декември, и кажа дека тоа бил единствениот начин на кој можел да го намали зголемувањето на даноците за средната класа.

Белата куќа вели дека 14 трилиони долари национален долг е закана за економското опоравување и перспективата за развој.

По средбата со претседателот пред говорот, водечките републикански законодавци ја повторија нивната позиција за зголемувањето на даноците. Спикерот на Претставничкиот дом Џон Бенер, републиканец, кажа дека доколку републиканците и демократите ги решат нивните несогласувања и „направат нешто значајно“, зголемувањето на даноците нема да биде дел од тоа. Бенер претходно кажа дека секој предлог за зголемување на даноците би бил „неприфатлив“ и „лош почеток“ за буџетските преговори.

Републиканците имаат свои идеи за намалување на дефицитот, преку правење подлабоки скратувања на федералните трошоци. Белата куќа вели дека републиканскиот план цели на средната класа, што не е фер.

Републиканците, кои го контролираат Претставничкиот дом, велат дека Обама мора да се согласи на значителни долгорочни намалувања на трошоците пред тие да дадат одобрение за владата да може да позајмува повеќе пари, што е неопходно бидејќи владата предвидува дека во наредните неколку недели ќе се стигне до плафонот на дозволениот долг.

XS
SM
MD
LG