Републиканскиот конгресмен Ли Зелдин денес најави дека ќе се кандидира за гувернер на Њујорк, напаѓајќи го актуелниот демократски гувернер Ендрју Куомо, кој се соочува со обвиненија за сексуално вознемирување, како и за бројот на починати од ковид-19 во домовите за стари лица.
„Суштината е дека за да се спаси Њујорк, Ендрју Куомо треба да си оди“, рече Зелдин во соопштение до медиумите.
Куомо досега нема најавено дали ќе се кандидира за четврти мандат за гувернер на Њујорк во 2022 година.
Зелдин, кој беше лојален сојузник на поранешниот претседател Доналд Трамп додека беше на функција, не го спомна Трамп во најавата на неговата кандидатура.
Тој е воен ветеран кој го претставува првиот конгресен округ на Њујорк од 2015 година. Претходно, пак, беше сенатор, кој отслужи два мандата.
Facebook Forum