Првиот човек на Комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом Девин Нунес, соопшти дека привремено се повлекува од истрагата на Комисијата за наводната вмешаност на Русија во претседателската кампања во САД. Чекорот уследи откако добил жалби за пречекорување на правилата за етика.
Комисијата за етика на Претставничкиот дом истражува дали Нунес без овластување минатиот месец обелоденил доверливи информации за време набрзина организираната прес-конференција. Тој кажа дека жалбите биле поднесени од „неколку левичарски активистички организации“.
Нунес обвинувањата ги нарече „неосновани“ и политички мотивирани, но кажа дека се повлекува бидејќи „би било во најдобар интерес на Комисијата за разузнавање и на Конгресот“. Тој додаде дека ќе продолжи да ги исполнува другите обврски како претседавач на Комисијата, но на чело на истрагата за Русија ќе биде конгресменот Мајк Конавеј.
Спикерот на Претставничкиот дом Пол Рајан, ја поздрави одлуката на Нунес.
Facebook Forum