Линкови за пристапност

Иран ги критикува САД во обраќање на Нуклеарната конференција


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад остро ги критикуваше САД во говор на конференцијата за Договорот за нуклеарна непролиферација

Ахмадинеџад кажа дека американското производство на нукларно оружје ги охрабрило другите држави да произведуваат оружје, водејќи го светот во трка за нуклеарно вооружување.

Во забелешки во понеделникот, тој ги обвини САД за заканување на други држави, вклучувајќи го и Иран, со нуклеарно оружје под „лажна претпоставка“. Тој исто така рече дека нема кредибилен доказ дека неговата држава развива нуклеарно оружје.

Делегатите од САД, Британија и Франција излегоа од просторијата додека зборуваше иранскиот лидер.

Порано, Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун на конференцијата кажа дека кај Иран лежи одговорноста да ги разјасни сомневањата и загриженоста за иранската нуклеарна програма.

САД и нивните сојузници го обвинуваат Иран за тајно развивање на нуклеарно оружје. Иран вели дека нивната атомска програма е за мирољубиви цели.

XS
SM
MD
LG