Во јавно обраќање во петок, претседателот Барак Обама треба да даде најсеопфатен одговор досега на обелоденувањето на тајните операции на Агенција за национална безбедност (НСА) од страна на нејзиниот поранешен договорен соработник, Едвард Сноуден.
Обама ќе реагира на се` поголемата загриженост за приватноста на граѓаните и најверојатно ќе побара Конгресот да помогне во решавањето на трнливите прашања во односот на граѓанските слободи наспроти националната безбедност. Токму тие прашања беа изложени порано неделава, кога членовите на работната група за проверка на разузнавањето, што ја основа Обама, дискутираа за своите препораки на состанок со сенатско тело.
Кас Санстеин, правен стручњак, истакна дека предлозите на работната група нема да ја ослабат националната безбедност.
„Главно се задржавме на одржување на способноста на разузнавачката заедница да го направи она што треба да го направи. Сметаме дека ниту еден од 46-те предлози во нашиот извештај нема да ја доведе во опасност таа способност“, истакна Санстеин.
Демократскиот сенатор Патрик Лихи изјави дека се потребни реформи.
„Водиме дебата за фундаменталната врска на Американците со нашата влада. Владата постои за Американците, а не обратно“, кажа сенаторот.
Па сепак, републиканскиот сенатор Чак Гресли предупреди дека евентуалните реформите во разузнавањето не смеат да ги вратат федералните агенции на начинот на размислување пред терористичките напади врз САД во 2001-та.
„Се чини дека одредени предлози во извештајот на работата група прават да биде потешко да се спроведе истрага за терорист, отколку за обичен криминалец. Некои од предлозите навидум го враќаат ѕидот меѓу агенциите за спроведување на законот и за национална безбедност што постоеше пред 11-ти септември 2001-та“, рече Грасли.
Поранешниот директор за национално разузнавање Џон Негропонте го опиша предизвикот пред претседателот Обама.
„Како да постигнеме подобрување по прашањата како што се приватноста и третманот на нашите пријатели и сојузници во странство, без притоа да се наштети на ефикасноста на собирањето на разузнавачки податоци? Се работи за рамнотежа, за неа се размислува во моментов, исто како што се размислуваше за неа, а сигурен сум дека ќе се размислува и во иднина, истакна Негропонте.
Работната група во извештајот предупредува дека рамнотежата меѓу слободата и безбедноста можеби нема да функционира, или пак дури не е препорачлива во сите ситуации, оценувајќи дека “некои заштитни механизми воопшто не се предмет на баланс“.