Линкови за пристапност

253.000 нови работни места во САД во април, соопшти Одделот за труд


Стапката на невработеност падна на 3,4 проценти, што одговара на најниското ниво во последните 54 години
Стапката на невработеност падна на 3,4 проценти, што одговара на најниското ниво во последните 54 години

Американските работодавци додадоа 253.000 работни места во април, што е покажува дека пазарот на труд сè уште е издржлив и покрај зголемените каматни стапки, високата инфлација и банкарската криза што може да ја ослабне економијата.

Стапката на невработеност падна на 3,4 проценти, што одговара на најниското ниво во последните 54 години, објави денес Одделот за труд.

Но, стапката на невработеност делумно падна затоа што 43.000 луѓе ја напуштија работната сила, што е прв пад од ноември.

Во денешниот извештај, владата забележа дека иако вработувањата биле солидни во април, во февруари и март биле многу послаби отколку што претходно се проценувало.

И саатниците се зголемиле минатиот месец со најбрзо темпо од јули, што може да ги алармира борците за инфлација во Федералните резерви.

Додавањето на на вработувања во април се споредува со 165.000 во март и 248.000 во февруари и сè уште е на ниво кое според историските стандарди се смета за енергично.

Пазарот на трудот остана издржлив и покрај агресивната кампања на Федералните резерви на САД за зголемување на каматните стапки во текот на изминатата година за борба против инфлацијата.

Отпуштањата се` уште се релативно ниски, а отворените работни места релативно високи.

Сепак, сè повисоките трошоци за задолжување што ги конструираа Федералните резерви на САД ослабнаа некои клучни сектори на економијата, особено пазарот на домување. Но, генерално, пазарот на труд остана стабилен.

Извор: АП

XS
SM
MD
LG