Линкови за пристапност

Предупредувања за екстремна опасност од нови пожари во Јужна Калифорнија


Пожарникарите работат по пожарот Палисејдс на 13 јануари 2025 година, во Лос Анџелес, Калифорнија
Пожарникарите работат по пожарот Палисејдс на 13 јануари 2025 година, во Лос Анџелес, Калифорнија

Калифорниските пожарникари поддржани од ново засилување на работна сила и опрема се подготвија за потенцијални нови или влошени шумски пожари во Јужна Калифорнија денес, среде предупредувањата за силни ветрови и суви услови.

Националната метеоролошка служба соопшти дека брзината на ветерот денес би можела да надмине 100 км на час, ставајќи големи области на Јужна Калифорнија под предупредувања за екстремна опасност од пожар.

Началникот на противпожарната служба на округот Лос Анџелес, Ентони Мароне, вчера изјави дека пожарникарите се „апсолутно подобро подготвени“ отколку кога брзо се појавија низа шумски пожари минатата недела, но дека налетите на ветрот би можеле да ги принудат властите да го приземјат авионите од суштинско значење за напорите за гасење.

Пожарникарите ставија еден пожар целосно под контрола, додека другиот, северно од Лос Анџелес, беше 97% локализиран.

Опасноста остана од двата најголеми пожара, вклучително и пожарот Палисејдс на западната страна на Лос Анџелес, кој изгоре 96 квадратни километри и беше локализиран 14% доцна во понеделникот, според Калифорниското одделение за шумарство и заштита од пожари.

Другиот голем пожар бил 33% локализиран и изгорел 57 квадратни километри, рече Калифорниското одделение за шумарство и заштита од пожари.

Во пожарите загинаа најмалку 24 лица, додека властите продолжуваат да трагаат по десетици лица кои се пријавени за исчезнати.

Околу 100.000 луѓе во регионот останаа под наредба за евакуација.

Американскиот претседател Џо Бајден вети дополнителна федерална поддршка вчера и рече за време на брифингот во Белата куќа:

„Ќе продолжиме да правиме се` што е можно за да ви помогнеме да го пребродите ова“.

XS
SM
MD
LG