Бангкок – Тајландската политичка партија Феј Таи денеска обелодени дека има поддршка од уште шест други партии за да формира Влада. Сепак, сè уште ја нема потребната поддршка, а државата остана во политички ќорсокак речиси три месеци по изборите.
Во Тајланд моментално има преодна Влада и тоа трае 142 дена. Државата се соочува со продолжена неизвесност откако победниците на изборите „Движење напред“ беа блокирани да формираат влада.
Второпласираната партија Феј Таи, партија која беше избркана од власт во државните удари меѓу 2006 и 2014 година, минатата недела ја повлече својата поддршка што ја даде за партијата „Движење напред“, но се соочува со тешка битка да добие поддршка од парламентот врз кој војската има значително влијание.
„Феу Таи се надева дека ќе ја олесни политичката фракција и ќе добие поддршка од сите членови на парламентот, политичките партии и сенаторите“, изјави претседателот на партијата Феу Тај, Чонланан Шрикаев.
Оваа најава доаѓа Феу Таи доби поддршка од третопласираната партија Бумџаитаи, партија која одби да и даде поддршка на „Движење напред“ поради контроверзниот план за промена на законот поврзан со монархијата.
Феу Таи е формирана од семејството на милијардерот Шинаватра, има поддршка од седум други партии, но не е јасно дали може да го добие Горниот дом на Сенатот, кој беше назначен од армијата и ги принуди членовите на последната Влада да ги напуштат функциите.
Според уставот напишан од војската и дизајниран да ја зачува нејзината политичка моќ, членовите на двата дома гласаат за да одлучат кој ќе формира Влада, за што е потребна поддршка од повеќе од половина од сите пратеници.
И покрај тоа што Феј Таи ја прекина поддршката кон „Движење напред“, сепак од оваа партија сега тие ќе бараат поддршка за премиерската функција.
„Ќе разговараме со ‘Движење напред’“, рече заменик – претседателот на Феј Таи, Пумтам Вечајачаи.