Линкови за пристапност

Пропадна и вториот обид на лидерот на тајландската опозиција да стане премиер


На Пита му недостигаа повеќе од 50 гласа во неговиот првичен обид да ја добие премиерската функција.
На Пита му недостигаа повеќе од 50 гласа во неговиот првичен обид да ја добие премиерската функција.

Парламентот на Тајланд ја отфрли номинацијата на опозицискиот пратеник Пита Лимјароенрат за да стане следниот премиер на државата.

Гласањето во средата беше втор обид во една недела. Пита ја побара функцијата откако тој раководи со партијата „Движење напред“, која со нејзините коалициски партии победија на парламентарните избори кои се одржаа во мај, со што осумпартиската коалиција доби 312 места во 500-члениот Претставнички дом.

Но, на Пита му недостигаа повеќе од 50 гласа во неговиот првичен обид да ја добие функцијата поради силната опозиција во конзервативниот Сенат поддржан од војската.

Гласањето дојде неколку часа откако Уставниот суд на Тајланд пресуди Пита да биде суспендиран од парламентот додека го разгледува случајот во кој се тврди дека ги прекршил изборните закони.

Одлуката на судот беше донесена една недела откако изборната комисија соопшти дека има докази дека лидерот на Партијата „Движете напред“ поседува акции во медиумска компанија, прекршување што ќе му забрани да се кандидира за функцијата.

Компанијата, „iTV“, не функционира со години. Пита тврди дека неговата сопственост на акции не е кршење на изборните правила.

Тој, исто така, може да добие забрана за политика и да се соочи со неколкугодишна затворска казна ако биде осуден по ваквите обвинувања.

Дел од информациите се од Асошиетед прес, Ројтерс и агенцијата Франс – прес.

XS
SM
MD
LG