Линкови за пристапност

Нови напади врз американските сили во Ирак и Сирија


Нашата цел е да обезбедиме овој конфликт да не се прошири подалеку од Израел, вели Пентагон
Нашата цел е да обезбедиме овој конфликт да не се прошири подалеку од Израел, вели Пентагон

Американските сили во Ирак и Сирија биле нападнати најмалку пет пати во текот на изминатите два дена, според американските одбранбени претставници, додека паравоените сили поддржани од Иран продолжуваат во нивната речиси едномесечна кампања за поддршка на борбата на Хамас против Израел.

Последните напади се случија денес - ракетен напад врз американските војници во Сирија и напад со беспилотно летало врз американските сили во воздухопловната база Ирбил во Ирак.

Пентагон вели дека двата напада, како и трите други во понеделникот, не предизвикале последици.

„Не видовме значителни жртви. Не видовме значителна штета на нашата инфраструктура“, рече заменик-портпаролката Сабрина Синг.

Таа, исто така, вели дека и покрај порастот на нападите, одвраќањето - вклучително и воздушни напади врз објекти поврзани со Иран во Ирак минатиот месец - функционирало.

„Нашата цел е да обезбедиме овој конфликт да не се прошири подалеку од Израел. Значи, би рекла дека одвраќањето во моментов е неверојатно силно на наша страна“.

САД велат дека нема повредени американските сили по американските воздушни напади минатиот месец.

И Пентагон предупредува дека е подготвен да преземе дополнителни мерки, доколку е потребно.

„Одлучуваме да одговориме во време и место по наш избор. Не мора нужно да биде еднаков одговор секој пат“.

XS
SM
MD
LG