Линкови за пристапност

Се најавува нова преговарачка рунда за законот за јавно обвинителство


Се најавува нова преговарачка рунда за законот за јавно обвинителство
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:12 0:00

Се најавува нова преговарачка рунда за законот за јавно обвинителство и идниот статус на институцијата што треба да го наследи СЈО. Утре се споменува како можен термин. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека вчера требало да има средба. Според опозицијата причината зошто разговорите биле одложени лежат кај власта – „не и се брза“ – вели Антонијо Милошоски.

„Нашите очекувања се да се прифати она што СДСМ веќе го имаше начелно го имаше прифатено на средбата на 30 август за потоа да ретерира од тој став и би очекувале понатаму власта да не го оддолговлекува донесувањето на овој закон. Да има обвинител стручен, чесен, со личен интегритет, повисок просек на факултет и да може да ја добие довербата на јавноста и политичките чинители во неговата работа“, рече Антонијо Милошоски од ВМРО ДПМНЕ.

Социјалдемократите го тврдат спротивното – дека ВМРО-ДПМНЕ сака, по секоја цена, да оневозможи епилог на предметите и истрагите што ги отвори СЈО. Според власта, одговорност мора да има.

„По неуспешниот обид на ВМРО-ДПМНЕ да ги спречи предметите на СЈО евидентно е дека расте нивниот страв. Нашиот став е јасен, јасни се нашите црвени линии – секој што се огрешил пред законот мора да одговара, тоа важи за ВМРО-ДПМНЕ, тоа важи за секој“, рече Костадин Костадинов од СДСМ.

По неуспехот на лидерската средба и опозицијата поднесе свој предлог - не бара ново СЈО, туку неговите надлежности да ги преземе актуелното обвинителство за организиран криминал, а при изборот на неговиот шеф, кој би можел да биде и обвинител или професор, да се вклучи и опозицијата и Собранието. Во меѓувреме од Јавното обвинителство информираат дека презеле 171 предмет од СЈО и дека четворица поранешни обвинители во СЈО, Фетаи, Донев, Бубевски и Ристоска, продолжуваат да ги застапуваат предметите кои и досега ги водеа.

XS
SM
MD
LG