Линкови за пристапност

Американскиот долар на највисоко ниво во однос на еврото и денарот од 2017 година


Американскиот долар на највисоко ниво во однос на еврото и денарот од 2017 година
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:04 0:00

Експертите предупредуваат дека тоа е резултат пред се на глобалната пандемија со коронавирусот, но и на некои други економски фактори

Рекордниот скок на американскиот долар во однос на еврото, а со тоа и на домашната валута денар, според стручната јавност се должи пред се на актуелните случувања со новиот коронавирус.Од Народна банка велат декакога станува збор за доларот, како една од најсилните светски валути, очекувано е во периоди на глобални негативни шокови, како овој и високата неизвесност околу времетраењето, да дојде до зголемена побарувачка за оваа валута и до јакнење на нејзината вредност.

Она што е поважно во моментов велат експертите е дека денарот е стабилен во однос на еврото, и дека нема причина тоа да се смени.


„Од почетокот на актуелната состојба во глобалната економија заради прогласувањето пандемија на коронавирусот, валутниот пар УСД/ЕУР, достигна највисоко ниво од април 2017 година, поради зголемената побарувачка на САД доларот како безбеден инструмент и заради потреба од ликвидност во оваа валута“, велат од Народна банка на Република Северна Македонија.

Тоа што доларот порасна во однос на денарот е поради растот на доларот во однос на еврото вели професорот Бранимир Јованович.

„Денарот е врзан за еврото, па ако доларот порасне во однос на еврото, ќе порасне и во однос на денарот. Изминатиов период Европа беше повеќе погодена од Америка од корона кризата, па затоа и паѓаше еврото. Иако е неблагодарно да се прогнозираат движења на девизни курсеви, можно е во периодот кој следува трендот да се сврти, затоа што кризата во Европа се чини дека полека стивнува, а во Америка допрва се разгорува“, вели тој.

Професорот Марјан Петрескивели дека она што се случува со глобалните валути е рефлексија и на потезите кои ги преземаат централните банки во светот. Според него потегот наЦентралната банка на САД, која направи олабавување на монетарната политика имало директна рефлексија врз валутата.

„За да не се доведеме сега во некоја ситуација, на т.н валутни војни, неопходна е интензивна комуникација помеѓу властите.Тука мислам на Централната банка на САД, Европската централна банка, секако и на банката на Јапонија, Кинеската централна банка“, вели тој.

Во некои од менувачниците, деновиве за еден американски долар се добиваа и57,50 денари. Се забележува и секојдневна осцилација на односот меѓу двете валути.

„Видовме и еден период кога доларот падна на 53 денари за еден долар и потоа имавме скок до 57.50.Скокот се должеше на тоа што светот како заштитно пристаниште го гледа доларот.Наеднаш слободните средства сакаа да ги претворат во долари.Сите очи се вперени кон Федералните резерви на САД. Тие диктираат темпо во однос на доларот моментално“, вели Африм Ајредини, сопственик на менувачница.

Она што е поважно во моментов велат експертите е дека денарот е стабилен во однос на еврото, и дека нема причина тоа да се смени. Земјава има доволно девизни резерви, односно три милијарди евра, илискоро 30% од БДП.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG